ЕДНО ЛИЦЕ ТЕШКО РАНЕТО ВО ДЕНЕШНАТА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО

    ЕДНО ЛИЦЕ ТЕШКО РАНЕТО ВО ДЕНЕШНАТА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА СЕВЕРОТ НА КОСОВОКосовската полиција употреби шок-бомби и солзавец за да ги растера граѓаните кои протестираа (Фото: Н1)

    Едно лице е тешко повредено во денешната акција на косовската полиција на северот на Косово, за која беше кажано дека е насочена против шверцери. Ситуацијата во Косовска Митровица и Звечан е напната од утрово, кога се слушнаа сирени за тревога.

    Од клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица кажаа дека се борат за животот на еден 36-годишен Србин.

    „Во прашање е прострелна рана во пределот на грбот и тој е животно загрозен“, изјави директорот на болницата Златан Елек.

    Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кажа дека се повредени десетици Срби и го обвини косовскиот премиер Албин Курти за насилствата.

    Косовската полиција употреби шок-бомби и солзавец за да ги растера граѓаните кои протестираа против нејзината најнова акција. РТС објави дека припадниците на косовската полиција за економски криминал затвориле повеќе продавници.

    „Упаѓаат во магацини, продавници и аптеки во градот и околината“, кажаа очевидци за РТС.

    Српската премиерка Ана Брнабиќ ги повика меѓународната заедница и НАТО да го скротат Курти.

    „Ситуацијата е повеќе од драматична. Лудачката политика на Курти мора да се запре, зашто води кон целосен хаос“, кажа Брнабиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира