ЕГЕЈСКИТЕ ОСТРОВИ ЌЕ СТАНАТ ПРВИ ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА

    ЕГЕЈСКИТЕ ОСТРОВИ ЌЕ СТАНАТ ПРВИ ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈАГрција го забрзува вакцинирањето во туристичките дестинации (Фото: Алами)

    Островите раштркани низ егејскиот архипелаг ќе бидат првите области без ковид-19 во Грција, додека земјата го засилува вакцинирањето во туристичките дестинации во пресрет на отворањето на летната сезона.

    Во еден од најголемите оперативни предизвици во модерно време, властите ветија дека најмалку 69 егејски острови ќе бидат целосно вакцинирани до крајот на април,

    „Имаме голем број мали острови, каде што одеднаш ќе го имунизираме целото население, со цел кога ќе почнат да пристигнуваат туристи, сите постојани жители ќе бидат вакцинирани со две дози“, изјави Мариос Темистоклеус, претставник на министерството за здравство, кој ја надгледува оваа програма.

    Според програмата наречена „Слобода“, илјадници вакцини ќе бидат испорачани до овие острови со помош на војската во наредните недели. Темистоклеус ја опиша операцијата како логистички сложена и во неа ќе учествуваат и авиони, хеликоптери и бродови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира