„ЕЈ-БИ-СИ“ ЌЕ МУ ИСПЛАТИ 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ТРАМП ЗА КЛЕВЕТА

    „ЕЈ-БИ-СИ“ ЌЕ МУ ИСПЛАТИ 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ТРАМП ЗА КЛЕВЕТАКако дел од спогодбата, „Еј-Би-Си“ исто така треба да објави соопштение дека изразува жалење за изјавите на водителот Стефанопулос. (архивска фотографија)

    „Еј-Би-Си“ се согласи да му исплати 15 милиони долари на Доналд Трамп за да се спогодат во тужба за клевета, откако водител на телевизијата лажно кажа дека новиот американски претседател бил „одговорен за силување“.

    Водителот Џорџ Стефанопулос го кажа тоа за време на интервју на 10 март со конгресменка Ненси Мејс, која го поддржува Трамп.

    Порота во граѓански спор минатата година донесе одлука дека Трамп е одговорен за „сексуална злоупотреба“, нешто што има специфична дефиниција според законите во Њујорк.

    Како дел од спогодбата, „Еј-Би-Си“ исто така треба да објави соопштение дека изразува жалење за изјавите на Стефанопулос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира