ЕКСПЛОЗИИ ВО ЦЕНТАРОТ НА КИЕВ, СОБОРЕНИ ДЕСЕТИНА ИРАНСКИ ДРОНОВИ

    ЕКСПЛОЗИИ ВО ЦЕНТАРОТ НА КИЕВ, СОБОРЕНИ ДЕСЕТИНА ИРАНСКИ ДРОНОВИВо Киев е мирно по нападот кој се случи во раните утрински часови (Фото: АП)

    Експлозии се слушнаа утрово во Киев, набргу откако се огласија сирените за воздушна тревога. Градоначачникот Витали Кличко изјави дека експлозии имало во централната област Шевченкивски и дека итните служби се на терен.

    Нашата противвоздушна одбрана собори тринаесет дронови од иранско производство. Делови од дрон погодија две административни згради“, кажа Кличко.

    Засега нема подетаљни информации за штети и жртви.

    Украинските воздушни сили соопштија дека дроновите биле лансирани од источниот брег на Азовското Море. Во Киев е мирно по нападот кој се случи во раните утрински часови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира