ЕКСПЛОЗИЈА УНИШТИ ТРИ ЗГРАДИ ВО АНТВЕРПЕН, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ

    ЕКСПЛОЗИЈА УНИШТИ ТРИ ЗГРАДИ ВО АНТВЕРПЕН, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИПолицијата соопшти дека не станува збор за терористички напад (Фото: БФМ)

    Две лица загинаа, а 14 се повредени во експлозија во белгискиот град Антверпен, во којашто се уништени три згради.

    Полицијата објави дека две тела се пронајдени под урнатините, а уште шест луѓе се во критична состојба, по експлозијата во дел од градот во којшто живеат студенти.

    Иако истрагата е во тек, полицијата исклучи терористички напад како можна причина за експлозијата. Белгиските медиуми јавија дека, најверојатно, дошло до протекување на гас.

    Уште две згради се оштетени, а од шест е наредена евакуација на жителите. Во акцијата на пребарување на урнатините се вклучени и кучиња.

    „Сѐ уште ништо не знаеме за причините. Вистинската истрага допрва ќе уследи“, изјавија од локалната полиција.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира