ЕЛЕКТРИЧНИ ВЕЛОСИПЕДИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 200 ПОЖАРИ ВО БРИТАНИЈА ЗА ДВЕ ГОДИНИ

    ЕЛЕКТРИЧНИ ВЕЛОСИПЕДИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 200 ПОЖАРИ ВО БРИТАНИЈА ЗА ДВЕ ГОДИНИЛитиум-јонските батерии се најголем ризик за пожари предизвикани од е-велосипедите и е-скутерите (Фото: Би-Би-Си)

    Повеќе од 235 пожари предизвикани од е-велосипеди беа пријавени во Велика Британија  во текот на изминатите две години.

    Лондонската противпожарна бригада соопшти дека е-велосипеди и е-скутери се најбрзо растечкиот ризик од пожар Лондон. Претходно оваа година и „Ибеј“ ја прекина нивната продажба. Противпожарните служби апелираат за построги ограничувања за употребата на е-велосипедите.

    Жителите на зграда во британскиот град Бристол, каде што еден човек загинал додека се обидувал да избега од пожар на електронски велосипед,  за „Би-Би-Си“ рекоа дека  по две години „не се научени лекциите“.

    Абдул Џабар Орјакел (30) почина, а осум други беа повредени на 25 септември во 2022, кога литиум-јонска батерија за е-велосипед, која се полнеше во тоа време, се прегреа и се запали во кулата Твинел.

    „Продолжуваат да се појавуваат докази кои предизвикуваат загриженост за ризикот од литиум-јонските батерии. Ако се открие дека предметите не се складирани или не се наполнети безбедно во заедничките области, ќе размислиме да ги отстраниме од домовите на општината“, кажаа од Градскиот совет на Бристол.

    Британската Влада неодамна воведе нов предлог-закон за справување со ризиците од пожар поврзани со е-велосипеди и други производи од литиум-јонски батерии.

    „Треба сериозно да се сфати ризикот од пожари на електронски скутери и електронски велосипеди. Затоа работиме со локалните власти за да ги идентификуваме нелегалните производи за да спречиме нивен увоз, истовремено известувајќи ги потрошувачите и деловните субјекти за небезбедни производи“,  рече портпаролот на Одделот за бизнис и трговија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира