ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ПОЧИНАЛА ОД СТАРОСТ, ТРИ ЧАСА ПРЕД ДА БИДЕ ОБЈАВЕНО ЈАВНО

    ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ПОЧИНАЛА ОД СТАРОСТ, ТРИ ЧАСА ПРЕД ДА БИДЕ ОБЈАВЕНО ЈАВНОДодека беше жива, многу ретко се зборуваше за здравјето на кралицата (Фото: Гети)

    Елизабета Втора починала од старост, стои во потврдата за нејзината смрт, што денеска ја објави Националниот архив на Шкотска. Во извештајот пишува дека таа починала на 8 септември во 15:10 часот по локално време во замокот Балморал, три часа пред тоа да биде соопштено јавно.

    Нејзината ќерка, принцезата Ен, е наведена како личност која ги дала податоците за смртта на кралицата. Како занимање на починатата стои „Нејзино височество кралица“.

    Додека беше жива, многу ретко се зборуваше за здравјето на кралицата, а и при нејзината смрт останаа некои ограничувања. Како причина за смртта е наведена старост, без да се навлегува во детали.

    Бакингамската палата во 12:32 часот тој ден објави дека постои сериозна загриженост за здравјето на кралицата, по што во Балморал биле повикани најблиските членови на семејството. Премиерката Лиз Трас била информирана за смртта на кралицата во 16:30 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира