ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ ПРЕДЛАГААТ ВОВЕДУВАЊЕ КАРАНТИН ВО СРБИЈА ЗАШТО СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД-19 Е КАТАСТРОФАЛНА

    ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ ПРЕДЛАГААТ ВОВЕДУВАЊЕ КАРАНТИН ВО СРБИЈА ЗАШТО СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД-19 Е КАТАСТРОФАЛНАНа Клиниката за инфективни болести во Белград веќе нема слободни кревети (Фото: Н1)

    Кризниот штаб за борба против ковид-19 вели дека е неопходно да се воведат рестриктивни мерки во Србија, што вклучува и десетдневен карантин, за време на кој би било отворено само она што е витално и суштинско. Епидемиологот Предраг Кон кажа дека имал консултации со премиерката Ана Брнабиќ, нагласувајќи дека ситуцаијата со коронавирусот е катастрофална.

    „Од последната седница на Кризниот штаб ситуацијата не се подобри. Има одредена стабилизација, но на едно катастрофално ниво“, изјави Кон, додавајќи дека не се подобрил ниту опфатот на вакцинирањето.

    „Секој ден се вакцинира одреден број луѓе, но тоа не е доволно. Треба да бидат барем десет пати повеќе“, кажа Кон.

    Медицинскиот тим на Кризниот штаб предлага ограничување на контактите, скратување на работното време и воведување на ковид пропусниците.

    „Чашата е прелеана, мора да се прекине ланецот на заразата“, изјави министерот за здравство Златибор Лончар.

    Заменичката на директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, Ивана Милошевиќ, вели дека веќе немаат слободни кревети и дека над 90% од хоспитализираните се невакцинирани.

    Во Србија вчера имаше 5.077 новозаразени и 53 починати од ковид-19. Во болниците лежат над 6.600 пациенти со ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира