ЕРДОГАН ГО УСЛОВИ ЧЛЕНСТВОТО НА ШВЕДСКА ВО НАТО СО ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ НА ТУРЦИЈА СО ЕУ

    ЕРДОГАН ГО УСЛОВИ ЧЛЕНСТВОТО НА ШВЕДСКА ВО НАТО СО ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ НА ТУРЦИЈА СО ЕУТурција ги отвори пристапните преговори со ЕУ во 2005, кога Ердоган беше во првиот премиерски мандат (Фото: АП)

    Реџеп Таип Ердоган изјави дека Европската Унија би требала да го отвори патот за пристапување на Турција кон блокот, пред турскиот парламент да го одобри членството на Шведска во НАТО. Турската кандидатура за членство во ЕУ е замрзната со години, откако пристапните преговори беа лансирани во 2005, кога Ердоган беше во првиот премиерски мандат.

    Во неочекуван потег пред утрешниот почеток на самитот на НАТО во Вилнус, Ердоган го поврза одобрувањето на апликацијата на Шведска со конечното придружување на Турција кон ЕУ. Тој кажа дека веќе го информирал Џо Бајден за своите намери.

    Ги повикувам земјите кои ја оставија Турција да чека пред вратите на Европската Унија повеќе од 50 години. Како прво, отворете го патот на Турција кон ЕУ, а ние ќе го отвориме патот на Шведска кон НАТО, како што направивме со Финска“, изјави Ердоган во Истанбул, додавајќи дека ова ќе го повтори и на самиот самит.

    Портпаролот на Европската комисија кажа дека проширувањето на ЕУ и НАТО се два одделни процеса. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Шведска ги исполнила сите услови за членство во алијансата.

    Сѐ уште е можно да имаме позитивен резултат во Вилнус“, кажа Столтенберг.

    Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО набргу по почетокот на руската инвазија на Украина, на што најмногу се спротивстави Турција, која тврдеше дека двете земји штитат терористи. И додека Турција попушти за Финска во април, ситуацијата со Шведска останува неизвесна.

    Пристапувањето на Шведска зависи од спроведувањето на договор постигнат на самитот на НАТО во Мадрид минатото лето. Никој не треба да очекува компромиси од Анкара“, кажа Ердоган.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира