ЕРДОГАН ГО ЗАЦВРСТИ СВОЈОТ ИМИЏ НА НЕПОБЕДЛИВОСТ И ПОВИКА НА ОБЕДИНУВАЊЕ НА НАЦИЈАТА

    ЕРДОГАН ГО ЗАЦВРСТИ СВОЈОТ ИМИЏ НА НЕПОБЕДЛИВОСТ И ПОВИКА НА ОБЕДИНУВАЊЕ НА НАЦИЈАТАЕрдоган освои два милиона гласови повеќе од Киличдароглу (Фото: АП)

    Поддржувачите на Реџеп Таип Ердоган долго во ноќта ја славеа неговата победа на претседателските избори, што ќе го задржи на власт уште пет години.

    Ова е победа на целата нација од 85 милиони луѓе“, изјави Ердоган по освоените 52% гласови во вториот круг.

    Кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу јавно не го призна поразот, туку само кажа дека ова биле најнеправедните избори во последните години. Тој на крајот освои над два милиона гласови помалку од Ердоган.

    Старо-новиот претседател им се обрати на своите поддржувачи од балконот на раскошната претседателска палата во Истанбул, проценувајќи дека пред неа се собрале 320.000 луѓе, од кои некои дојдоа дури од Анкара.

    Ова беа едни од најважните избори во турската историја и ова не е само моја победа. Единствениот победник е Турција“, кажа Ердоган.

    Тој призна дека економската криза и високата инфлација се најитните проблеми на Турција што ќе мора да се решат. Друг приоритет е обновата на областите кои беа тешко погодени од катастрофалните земјотреси во февруари, во кои загинаа над 50.000 луѓе во Турција и Сирија.

    Ердоган го обвинуваше Киличдароглу дека се здружил со терористи и со ЛГБТ заедницата и го критикуваше неговото ветување дека ќе го ослободи курдскиот лидер Селахатин Демиртас, кој е во затвор од 2016.

    Додека јас сум на власт, Демиртас ќе остане зад решетки“, порача Ердоган.

    Тој на овие избори го зацврсти својот имиџ на непобедливост откако во изминатите години ја прекрои домашната, економската, безбедносната и надворешната политика на земјата, додека противниците го обвинуваа дека ја поткопува демократијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира