Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им подарил на лидерите на НАТО пиштоли и кутија со боева муниција.
Портпаролот на германската влада потврди дека револверот на канцеларот Фридрих Мерц бил предаден во германската амбасада за да може правилно да се увезе, а потоа да се запише во збирката официјални подароци.
И британскиот премиер Кир Стармер рече дека Ердоган им дал на сите лидери на самитот сличен подарок, а секое оружје било изгравирано со името на примателот.
И покрај белешката од Ердоган со која се откажува од контролата на извозот, Стармер го оставил својот револвер во Турција за да биде деактивиран, бидејќи неговиот увоз би ги прекршил строгите закони за оружје на Велика Британија, се вели во извештаите.



