ЕУ ГО КАЗНИ „ГУГЛ“ СО РЕКОРДНИ 2,42 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    ЕУ ГО КАЗНИ „ГУГЛ“ СО РЕКОРДНИ 2,42 МИЛИЈАРДИ ЕВРА„Гугл“ е казнет за кршење на антимонополските правила со својата онлајн шопинг услуга (Фото: АП)

    Европската унија изрече рекордна казна од 2,42 милијарди евра против интернет-гигантот „Гугл“ за кршење на антимонополските правила со својата онлајн шопинг услуга. Европските регулатори изјавија дека „’Гугл’ ја злоупотребил својата доминација на пазарот како пребарувач со тоа што дал нелегална предност на друг производ на ‘Гугл’, негова филијала за шопинг услуга”.

    На компанијата „Маунт Вју Калифорнија“ ѝ даде 90 дена рок да прекине со услугата или да се соочи со парична казна до 5 проценти од просечниот дневен промет во светот на матичната компанија „Алфабет“.

    Европската комисија, која ги регулира правилата за конкуренција на ЕУ, тврди дека „Гугл“ ја фаворизира својата шопинг услуга , дури и кога другите опции би можеле да имаат подобри услови. Комисијата тврди дека „Гугл“ “на сопствената услуга дал приоритетно место при пребарувањето само на нејзината компанија, додека ги демотивирала ривалските услуги. Со тоа ја задушила конкуренцијата во однос на други слични онлајн шопинг компании“.

    „Гугл“ тврди дека само се обидува да ги спакува резултатите од пребарувањето на начин што ќе им олесни на потрошувачите да најдат што сакаат.

    Изречената казната е највисока досега во Европа за антиконкурентно однесување, надминувајќи ја казната од 1,06 милијарди евра на производителот на чипови „Интел“ од Силиконската долина во 2009 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира