ЕУ ГО ОДОБРИ КАНДИДАТСКИОТ СТАТУС НА УКРАИНА И МОЛДАВИЈА

    ЕУ ГО ОДОБРИ КАНДИДАТСКИОТ СТАТУС НА УКРАИНА И МОЛДАВИЈАУкраина аплицираше за членство набргу по почетокот на руската инвазија (Фото: АП)

    Украина и Молдавија добија кандидатски статус за членство во Европска Унија, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

    Ова означува клучен чекор на вашиот пат кон ЕУ. Ние имаме заедничка иднина“, изјави Мишел, опишувајќи ја одлуката како историски момент.

    Украина аплицираше за членство набргу по почетокот на руската инвазија, а потоа нејзиниот пример го следеше и Молдавија.

    Кандидатурата е голем психолошки поттик, но вистинската интеграција може да почне дури по завршувањето на војната“, изјави амбасадорот на Украина во ЕУ, Всеволд Ченцов.

    Нејасно е кога би можеле да почнат пристапните преговори, што Турција го чека од 1999, а Македонија од 2005 година.

    Кандидатурата на Грузија беше одбиена, при што ѝ беше кажано дека има европска перспектива, но претходно мора да исполни одредени услови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира