ЕУ ЈА ТУЖИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗА ДОЦНЕЊЕ СО ИСПОРАКИТЕ НА ВАКЦИНИ

    ЕУ ЈА ТУЖИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗА ДОЦНЕЊЕ СО ИСПОРАКИТЕ НА ВАКЦИНИ„АстраЗенека“ требаше да има главна улога во имунизацијата во ЕУ во првата половина од годината (Фото: СДК.МК)

    Европската комисија објави дека покренала тужба против „АстраЗенека“ за непочитување на договорот за испорака на вакцини против ковид-19 и што немала сигурна стратегија за да обезбеди навремено доставување. „АстраЗенека“ одговори дека тужбата е неоснована и најави дека силно ќе се брани на суд.

    Според договорот, англиско-шведската фармацевтска компанија се обврзала дека ќе ги вложи најразумните напори за испорачување на 180 милиони дози во ЕУ во втората четвртина од годината, а вкупно 300 милиони дози од декември до јуни.

    „АстраЗенека“ на 12 март соопшти дека ќе биде во можност да испорача само една третина од предвидените дози до крајот на јуни, од кои 70 милиони во втората четвртина од годината. Одложувањето значително придонесе за успорување на имунизацијата во ЕУ, имајќи предвид дека оваа вакцина требаше да има главна улога во вакцинирањето во првата половина од годината.

    „Комисијата почна правна постапка против ‘АстраЗенека‘ во петокот. Некои услови од договорот не беа испочитувани и компанијата не излезе со сигурна стратегија за навремено испорачување вакцини“, изјави портпаролот на Европската комисија.

    Според договорот, за случајот ќе решаваат белгиските судови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира