ЕУ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ СЕДУМ БЕЗБЕДНИ ДРЖАВИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА МИГРАНТИТЕ, МЕЃУ НИВ И КОСОВО

    ЕУ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ СЕДУМ БЕЗБЕДНИ ДРЖАВИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА МИГРАНТИТЕ, МЕЃУ НИВ И КОСОВОФон дер Лајен во март предложи нови обврзувачки правила за враќање на мигрантите (Фото: ЕПА)

    Европската комисија ќе предложи седум „безбедни трети земјиво кои членките на ЕУ ќе можат да ги враќаат барателите на азил, стои во документ што го видел сајтот „Еурактив“. На листата се Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Косово, Мароко и Тунис.

    Концептот за безбедна трета земја дозволува баратели на азил да бидат испратени во земја каде што можат да најдат заштита, наместо да останат во државата во која што аплицирале.

    Во март, Комисијата предложи нови обврзувачки правила за враќање на мигрантите, за кои сега дебатираат земјите од ЕУ и европратениците. Списокот ќе биде вклучен како амандман во регулативата за процедурата за азил на ЕУ, дел од миграцискиот пакт усвоен минатата година. Предвидено е да се спроведе во 2026 година.

    Конечниот список треба да биде објавен пред јуни, дознава Еурактив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира