ЕУ СВИКА ВОНРЕДЕН САМИТ ВО ОБИД ДА ОБЕЗБЕДИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА СО ИЛИ БЕЗ ОРБАН

    ЕУ СВИКА ВОНРЕДЕН САМИТ ВО ОБИД ДА ОБЕЗБЕДИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА СО ИЛИ БЕЗ ОРБАНЗасега е нејасно дали Орбан ќе го поддржи планот, бидејќи тој и натаму сака да го задржи правото на вето (Фото: АП)

    Европските лидери денеска ќе се сретнат во Брисел на вонреден самит со цел да го убедат унгарскиот премиер Виктор Орбан да се придружи на планот за стабилно финансирање на Украина, но исто така ќе се обидат да обезбедат пари за Киев без Унгарија. Планот предвидува покривање на потребите на Украина од 2024 до 2027 со заеми од 33 милијарди евра и со грантови од 17 милијарди евра.

    Парите треба да дојдат од буџетот на Европската Унија, па сите нејзини членки мора да се согласат со ова, но Унгарија, која продолжи да одржува блиски врски со Русија, сака секоја година да може да стави вето на исплатите.

    Денешниот самит е последната можност да се постигне договор пред да се напушти опцијата за финансирање на Украина од буџетот на ЕУ и блокот да се врати на посложеното, поскапо и помалку предвидливо финансирање, што се користеше и порано. ЕУ не сака да чека повеќе зашто се очекува Украина во март да остане без готовина за нормално извршување на државните функции.

    За да го наговорат Орбан да се приклучи на планот, европските лидери ќе предложат одржување годишни разговори за тоа како ќе се троши помошта за Украина, без да ѝ се даде право на вето на Унгарија. Засега е нејасно дали Орбан ќе го поддржи планот, бидејќи тој и натаму сака да го задржи правото на вето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира