ЕУ ВОВЕДЕ ЕМБАРГО ЗА ОРУЖЈЕ ЗА ВЕНЕЦУЕЛА

    ЕУ ВОВЕДЕ ЕМБАРГО ЗА ОРУЖЈЕ ЗА ВЕНЕЦУЕЛАОсвен ембарго за оружје ЕУ најави дека кон поединци ќе примени и мерки забран за патување и замрзнување на средствата ако е потребно. - Од протестите против Мадуро (Фото: АП)

    Министрите за надворешни работи на Европската унија денес усвоија насочени санкции, вклучувајќи и ембарго за оружје против Венецуела.

    Санкциите доаѓаат како реакција на политичките превирања во Венецуела, кои траат со месеци, а се влошија по обидот на претседателот Николас Мадуро да ја консолидира својата моќ, заобиколувајќи ја контролата на опозицијата во Националното собрание и да конституира ново уставвно собрание.

    Освен ембаргото за оружје, одлуката на ЕУ вклучува и поставување на законска рамка за казнување на поединци со забрана за патување и замрзнување на средствата, ако е потребно.

    „Овие мерки ќе бидат употребени постепено и флексибилно, и може да бидат проширени, со тоа што ќе бидат таргетирани оние кои се вклучени во непочитување на демократските принципи, владеење на правото и прекршување на човековите права“, стои во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на ЕУ.

    „Овие мерки се дизајнирани за да не му наштетат на населението на Венецуела, туку нивната мака ЕУ сака да ја намали“, велат од Брисел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира