ЕУ ЗА УКРАИНА ДА ГИ ПРИМЕНИ ИСТИТЕ СТАНДАРДИ КАКО ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, ВЕЛИ АВСТРИЈА

    ЕУ ЗА УКРАИНА ДА ГИ ПРИМЕНИ ИСТИТЕ СТАНДАРДИ КАКО ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, ВЕЛИ АВСТРИЈАМинистрите за надворешни работи Бујар Османи и Александер Шаленберг. (Фото: СДК.МК)

    Австрија ќе се согласи Украина да добие кандидатски статус за ЕУ само под одредени услови, а тоа е истите стандарди да важат и за земјите од Западен Балкан, кажа канцеларот Карл Нехамер. Истиот став го дели и австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг, кој рече дека ЕУ не смее да падне во геостратешки тунел, туку мора да ги има предвид и земјите од југоисточна Европа.

    Денеска се очекува Украина да добие препорака од Европската комисија за кандидатски статус.

    „Што се однесува до кандидатскиот статус на ЕУ, би сакал да кажам дека има јасни и етаблирани критериуми кои што мора да бидат запазени без ‘ако’ и ‘но’. Не смее да има двојни стандарди или кандидати од прва или втора класа“, кажа Нехамер за „Велт“.

    Според австрискиот канцелар, мора да се осигура дека ЕУ ќе ги примени истите стандарди на Украина како и за кандидатите од Западен Балкан.

    Шаленберг за „Куриер“ рече дека треба да се внимава како сигнал ќе се испрати со украинското пристапување кон ЕУ. Според него, мора да се избегне впечаток некои земји стојат во место со години и Украина ги поминува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира