ЕВАКУАЦИЈА НА 75.000 ЛУЃЕ ВО СОЛУН В НЕДЕЛА, ПОРАДИ НЕЕКСПЛОДИРАНА БОМБА ПОД БЕНЗИНСКА ПУМПА

a:1:{s:9:"td_source";s:18:"Солун,(АП)

    ЕВАКУАЦИЈА НА 75.000 ЛУЃЕ ВО СОЛУН В НЕДЕЛА, ПОРАДИ НЕЕКСПЛОДИРАНА БОМБА ПОД БЕНЗИНСКА ПУМПА

    Локалните власти на Солун денеска дистрибуираа флаери и излепија постери низ градот како подготовка на масовна евакуација на околу 75.000 луѓе што е планирана за недела поради деактивација на неексплодирана бомба од Втората светска војна, тешка околу 220 килограми.

    Бомбата е откриена под бензинска пумпа (Фото: СДК.МК)

    Бомбата е откриена под бензинска пумпа (Фото: СДК.МК)

    Бомбата е најдена под бензинска пумпа. Се очекува операцијата на деактивација да трае околу шест часа. Сите жители во радиус на околу 2 километри од бензиската пумпа треба да се евакуираат во недела во 7 часот наутро. Властите велат дека ќе се евакуира и еден бегалски камп што се наоѓа во близина, со околу 450 мигранти.

    Бомбата е откриена минатата недела кога почнале градежни работи за проширување на пумпата.

    Во три солунски општини е прогласена вонредна состојба. „За време на евакуацијата ќе бидат ангажирани 1.000 полицајци и 300 волонтери“, изјави за АП заменичката градоначалничка на Солун Вула Патулиду.

    „Ова ни се случува прв пат во Грција. Евакуацијата е задолжителна за сите жители и ние ќе одиме од врата до врата за да бидеме сигурни дека сите се заминати од дома“, изјави Патулиду.

    За време на евакуацијата во недела жителите ќе бидат превезувани со автобуси до школите, спортските сали и културни центри низ градот, додека зоната која што ќе се евакуира ќе биде заградена и забранета за секаков вид сообраќај и пешаци. Некои од жителите се загрижени и не сакаат да ги напуштат домовите, оти се плашат дека ќе се појават крадци.

    Ќе бидат затворени и автобуската и железничката станица. Автобуската станица е во близина, а главната железничка линија минува во близина на бензинската пумпа каде што е принајдена бомбата.

    Портпаролот на армијата, полковник Никос Фаниос изјави дека од надворешниот изглед не може да се дознае дали бомбата е германска, или на сојузниците што биле на страната против фашизмот. Но еден од жителите се сеќава на денот кога таа паднала.

    „Англиски и американски авиони го бомбардираа Солун на 17 септември 1944 година, тоа беше недела за време на ручек“, се сеќава Јорго Герасимо (86), кој живее на 800 метри од бензинската пумпа. „Ги гледавме авионите“, вели Јорго, кој тогаш имал 13 години.

    Грција беше под германска окупација од 1941 до октимври 1944 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира