Дел од германски град е во опсадна состојба за време за време на полициската операција да се запре можен терористички напад, јави „Дие Велт“
Во источногерманскиот град Кемниц, полицијата окупираше станбена зграда поради закана дека во еден од становите се наоѓаат експлозивни направи. Поради сомневања дека е можен терористички напад, специјалната полиција се распореди во областа Фриц-Хекерт, кадешто и се наоѓа зградата. Се затвораат и улиците во близина, а во тек е евакуација.
Полицијата побара од граѓаните да останат во своите домови и да не објавуваат видеа и фотографии од акцијата на полицијата. Кемниц се наоѓа на 70 километри од Дрезден и таму има силно антиимигрантско движење. Антиимигрантската „Пегида“ неколку пати организираше протести во градот.