ЕВАКУИРАН МУЗЕЈОТ ЛУВР ПОРАДИ ЗАКАНА СО ПИСМО

    ЕВАКУИРАН МУЗЕЈОТ ЛУВР ПОРАДИ ЗАКАНА СО ПИСМОПариската полиција соопшти дека верификациите во музејот се во тек. (Фото: АП)

    Музејот Лувр во Париз денеска ги евакуира сите посетители и персоналот и затвори порано бидејќи доби писмена закана. Се наведува дека овој потег е поврзан со одлуката на владата да ја стави Франција во состојба на готовност, откако осомничен исламистички екстремист избоде до смрт наставник во школо во градот Арес, а тројца се повредени.

    Комуникациската служба Лувр соопшти дека никој не е повреден и дека нема пријавен инцидент. Париската полиција соопшти дека верификациите во музејот се во тек.

    Аларм се огласи низ огромниот музеј во центарот на Париз со поглед на реката Сена, кога беше објавена евакуацијата и во подземниот трговски центар под познатата стаклена пирамида која е влез во музејот. Полицијата го опколи музејот од сите страни и подземниот пристап, додека излегуваа туристите и другите посетители. На видеата објавени на Интернет се гледа како луѓето заминуваат, некои набрзина, а некои застануваат да се фотографираат, други очигледно збунети за тоа што се случува.

    Лувр, во кој се ремек-дела како „Мона Лиза“, има меѓу 30.000 и 40.000 посетители дневно.

    Француската влада го подигна нивото на тревога за закана и распореди 7.000 војници за да ја зголеми безбедноста по вчерашниот напад на училиштето. Француските власти соопштија дека поранешен ученик осомничен за исламска радикализација убил наставник и ранил уште три лица пред да биде фатен. Владата е загрижена и за последиците во Франција од војната меѓу Израел и Хамас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира