ЕВАКУИРАНИ ШЕСТ АЕРОДРОМИ ВО ФРАНЦИЈА ПОРАДИ ЗАКАНИ ЗА НАПАДИ

    ЕВАКУИРАНИ ШЕСТ АЕРОДРОМИ ВО ФРАНЦИЈА ПОРАДИ ЗАКАНИ ЗА НАПАДИАеродромот Медитеран во јужна Франција (Фото: СДК.МК)

    Шест аеродроми ширум Франција беа евакуирани денеска откако примиле електронска пошта со закани за напади, полициски извор изјави за агенцијата АФП.

    Евакуирани се аеродромите во Лил, Лион, Нант, Ница, Тулуз и Буве во Париз, за да им се овозможи на властите да ги расчистат сите сомнежи дека заканите можеби се вистински, кажа изворот.

    Франција го подигна нивото на безбедносна готовност во петокот откако исламски радикал уби наставник и повреди уште тројца на северот на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира