ЕВРОКОМЕСАРКАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ПРЕДЛОЖИ ДА СЕ ОДИГРА ФУДБАЛСКИ МЕЧ МЕЃУ ТИМ НА ЗЕМЈИТЕ-КАНДИДАТКИ И ТИМ НА ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ

    ЕВРОКОМЕСАРКАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ПРЕДЛОЖИ ДА СЕ ОДИГРА ФУДБАЛСКИ МЕЧ МЕЃУ ТИМ НА ЗЕМЈИТЕ-КАНДИДАТКИ И ТИМ НА ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУЕврокомесарката за проширување Марта Кос на сослушување пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент. (Фото: Европски парламент)

    Еврокомесарката за проширување Марта Кос предлага да се одигра фудбалски натпревар меѓу тим на кандидатките земји и земјите членки на ЕУ. Кос, зборувајќи пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ), кажа дека културата и спортот нудат уникатна можност да ги обединат луѓето преку границите и затоа веќе зборува со кандидатките земји за да се организира ваков фудбалски меч.

    „Ако имаме спортисти членови на АФЕТ или на ЕП, вклучувајќи ги и жените, топло ги поканувам да учествуваат“, кажа Кос.

    Таа додаде дека со премиерот на Албанија (Еди Рама, н.з.) зборувала за ист таков меч, само во кошарка, бидејќи, како што кажа таа, тој е поранешен кошаркар.

    Словенката рече и дека разговарала со хрватски и норвешки претставници, бидејќи таму сега се одржува Светското првенство во ракомет, да се организира таков меч и во ракомет.

    „Само сакав да илустрирам дека треба да вклучиме ‘мека моќ‘ во ‘хардкор’ процесот на проширување кој што се содржи од поглавја, одредници и кластери“, кажа Кос.

    Покрај Македонија, земји кандидатки за членство во ЕУ се Албанија, БиХ, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина.

    Слична идеја предложи поранешниот вицепремиер Артан Груби за време на посетата на Софија во јануари 2022 година. Груби тогаш кажа дека ќе се одигра фудбалски натпревар меѓу кабинетите на македонската и бугарската влада, како дел од тогашната иницијатива за зголемена соработка меѓу двете земји. Натпреварот не се случи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира