ЕВРОПРАТЕНИК ОД КОНЗЕРВАТИВНАТА ПАРТИЈА НА ОРБАН ФАТЕН НА ГЕЈ ОРГИЈА ВО БЕЛГИЈА, БЕГАЛ ПРЕКУ ОЛУК

    ЕВРОПРАТЕНИК ОД КОНЗЕРВАТИВНАТА ПАРТИЈА НА ОРБАН ФАТЕН НА ГЕЈ ОРГИЈА ВО БЕЛГИЈА, БЕГАЛ ПРЕКУ ОЛУКСајер 16 години беше пратеник во Европскиот парламент, каде што, како што кажаа од неговата партија Фидес, ги промовирал христијанските конзервативни вредности (Фото: МТИ)

    Европратеник од редовите на конзервативната партија на унгарскиот премиер Виктор Орбан поднесе оставка откако призна дека како што вели тој „бил на домашна забава“ во Брисел, прекршувајќи ги правилата на карантин и полициски час кој белгиската влада го воведе поради ковид-19.

    Полицијата во петокот упаднала на она што белгиските медиуми го опишаа како геј оргија. Интервенцијата на полицијата била поради кршење на мерките за карантин. Во Белгија поради ковид-19 забранета е работата на кафеаните и ноќните клубови.

    Јозеф Сајер, висок функционер во унгарската владејачка партија Фидес, која има непријателски однос кон ЛГБТ заедницата, се извини за тоа што „потфрлил како личност“. Според некои извештаи, тој се обидел да избега преку олук, при што се повредил и си ги раскрварил рацете.  Белгиската новинска агенција „Белга“ објави дека присутните дваесетина мажи биле голи кога упаднала полицијата, а на забавата имало и дрога и алкохол.

    Сајер во петокот се повикал на пратенички имунитет, но, сепак, се наоѓа под истрага на белгиските власти. Според Европскиот парламент, имунитетот важи само за официјалните должности на европратениците, не и за нивниот приватен живот.

    „Бев на забавата, но не користев дроги и веднаш ѝ реков на полицијата дека сум спремен да ме тестираат. Полицијата кажа дека пронашла една таблета екстази. Не беше моја, не знам кој ја подметнал и како. Жалам што ги прекршив правилата, тоа беше многу неодговорно од мене и ќе ги сносам последиците“, изјави Сајер.

    Педесет и деветгодишниот Сајер е еден од основачите на Фидес во 1988 година и близок соработник на премиерот Орбан. Тој беше пратеник во Европскиот парламент 16 години, а во последните години и потпретседател на Европската народна партија.

    „Со жалење ја прифативме оставката на Сајер. Ние, членовите на Фидес групата во Европскиот парламент му се заблагодаруваме на Сајер, кој овозможи унгарскиот цивилен конзервативизам и христијанската демократија да го пронајдат своето вистинско место на европската политичка сцена“, соопштија од парламентарната група на Фидес во Еевропскиот парламент.

    Сајер беше член на комисијата која го спремаше нацртот на новиот унгарски устав, во кој стои дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира