ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ ГО ОДОБРИ РЕМДЕСИВИР КАКО ТЕРАПИЈА ЗА КОВИД-19

    ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ ГО ОДОБРИ РЕМДЕСИВИР КАКО ТЕРАПИЈА ЗА КОВИД-19Меѓународна студија спроведена на крајот на април со над 1.000 пациенти покажа дека ремдесивир го намалува времето потребно за оздравување за четири дена во просек. (Фото: Јонхап)

    Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача ремдесивир да биде одобрен како терапија за КОВИД-19 и тоа е прв таков лек што добива препорака од агенцијата за користење во Европа. Според препораката на ЕМА, лекот кој се продава под називор „Веклури“ треба да биде како терапија за пациенти со КОВИД-19 постари од 12 години, на кои им е потребен дополнителен кислород. Европската комисија сè уште не го одобрила лекот, но тоа вообичаено е само формалност.

    „Податоците за ремдесивир беа оценети во исклучително кус временски рок и тоа е пристап што ЕМА го користи во вонредни здравствени состојби. Дури и ако ремдесивир не е лек кој ќе ги реши сите проблеми, препораката на ЕМА е важен момент во борбата против КОВИД-19“, кажа Клеменс Вентнер, германски доктор вклучен во истражувањата за коронавирусот.

    Меѓународна студија спроведена на крајот на април со над 1.000 пациенти покажа дека ремдесивир го намалува времето потребно за оздравување за четири дена во просек. Исто така, студијата покажа дека малку ја намалува смртноста, но засега тоа е статистички незначително.

    Ремдесивир е производ на американската компанија „Џилиад Сајенсис“ и оригинално беше развиен како терапија за Ебола, но имаше мал ефект.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира