ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПОБАРА ОД КОМЕСАРИТЕ ДА ГИ БОЈКОТИРААТ СОСТАНОЦИТЕ ОРГАНИЗИРАНИ ОД УНГАРИЈА

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПОБАРА ОД КОМЕСАРИТЕ ДА ГИ БОЈКОТИРААТ СОСТАНОЦИТЕ ОРГАНИЗИРАНИ ОД УНГАРИЈАУнгарскиот премиер Виктор Орбан почна да оди на, според него, мировна мисија во Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон и притоа тврди дека ја претставува ЕУ. (Фото: Кремљ)

    Европската комисија побара од своите комесари да присуствуваат на неформалните министерски состаноци за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, објaви „Политико“, повикувајќи се на тројца функционери на ЕУ.

    Место тоа, ЕК препорачува на состаноците да се испраќаат пониски службеници и со тоа да се испрати порака до Унгарија дека е неприфатливо да се злоупотребува претседателството.

    Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ во јуни и оттогаш, унгарскиот премиер Виктор Орбан почна да оди на, според него, мировна мисија во Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон и притоа тврди дека ја претставува ЕУ.

    Земјите членки веќе решија да испратат службеници на пониски позиции место министри на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи, организиран од Унгарија во Будимпешта, закажан за август.

    Сега и Европската комисија ќе го следи тој пример.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира