ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЈА ОСУДИ ОДЛУКАТА НА ТРАМП ДА ГИ ЗАБРАНИ ЛЕТОВИТЕ КОН САД

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЈА ОСУДИ ОДЛУКАТА НА ТРАМП ДА ГИ ЗАБРАНИ ЛЕТОВИТЕ КОН САДТрамп тврди дека КОВИД-19 во САД го прошириле патници од Европа (Фото: АП)

    Европската Унија ја осуди „едностраната одлука“ на Доналд Трамп да го забрани патувањето од Европа до САД поради коронавирусот, велејќи дека болести не познаваат граници.

    Трамп го опиша КОВИД-19 како „странски вирус“ и тврди дека болеста во САД ја прошириле патници од Европа. Тој денеска соопшти дека во наредните 30 дена ќе бидат забранети сите летови од 26-те земји кои се дел од Шенген зоната, што значи дека ова не важи за Велика Британија.

    „Европската Унија не се согласува со одлуката на САД за забрана на патувањето бидејќи е донесена еднострано и без консултации. Коронавирусот е глобална криза, не е ограничена на еден континент и бара соработка, а не унилатерална акција“, се вели во заедничкото соопштение на челниците на ЕУ, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен.

    Тие го отфрлуваат тврдењето на Трамп дека Европа не чини доволно во борбата против коронавирусот.

    Според сајтот за следење летови FlightAware, секој ден има околу 400 прелети меѓу Европа и САД преку Атлантскиот Океан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира