Евроамбасадорите прифатија ново одложување на брегзит, но одлуката за точниот краен рок ќе биде донесена наредната недела.
„Работата по ова прашање ќе продолжи во наредните денови“, изјави портпаролката на Европската Унија Мина Андреева.
Премиерот Борис Џонсон беше дециден дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври, но британскиот парламент одолговлекуваше со изгласувањето на неговиот договор, па тој призна дека ново одложување е неизбежно.
Џонсон најави парламентарни избори во Британија на 12 декември доколку ЕУ понуди одложување до 31 јануари. Пратениците в понеделник ќе го разгледуваат планот на Џонсон за избори, што можеби нема да помине бидејќи засега е неизвесен ставот на Лабуристите по ова прашање.