ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРИФАТИ ОДЛОЖУВАЊЕ НА БРЕГЗИТ ДО 31 ЈАНУАРИ

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРИФАТИ ОДЛОЖУВАЊЕ НА БРЕГЗИТ ДО 31 ЈАНУАРИБританија и порано ќе може да излезе од ЕУ доколку британскиот парламент го усвои договорот за брегзит (Фото: Гети)

    Европската Унија се согласи да го одложи брегзит до 31 јануари, објави претседателот на Европската комисија Доналд Туск.

    Тој додаде дека одложувањето е флексибилно, односно Велика Британија и порано ќе може да излезе од ЕУ доколку британскиот парламент го усвои договорот на Борис Џонсон.

    Британските пратеници денеска гласаат и за предлогот на Џонсон за предвремени избори. Тој како датум го предложи 12 декември, додека опозицијата сака тие да се одржат три дена порано.

    Велика Британија требаше да излезе од ЕУ овој четврток, но Џонсон беше принуден да прифати ново одложување бидејќи пратениците одолговлекуваа со изгласувањето на неговиот договор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира