ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ОДОБРИ УПОТРЕБАТА НА КОВИД ПАСОШИТЕ, КОИ ВЕЌЕ СЕ КОРИСТАТ ВО ГРЦИЈА И ШЕСТ ДРУГИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ

    ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ОДОБРИ УПОТРЕБАТА НА КОВИД ПАСОШИТЕ, КОИ ВЕЌЕ СЕ КОРИСТАТ ВО ГРЦИЈА И ШЕСТ ДРУГИ ЧЛЕНКИ НА ЕУНовата потврда има за цел да спречи уште една катастрофална летна сезона во Европа (Фото: АП)

    Европратениците денеска усвоија нова потврда за патување, што ќе им овозможи на луѓето да патуваат низ Европската Унија без да се тестираат или да одат во карантин. Таа има за цел да ги спаси патувачката и туристичката индустрија на Европа од уште една катастрофална летна сезона.

    Јужните членки на Унијата, чии економии во голем дел се потпираат на туризмот, го притискаа Брисел да воведе ваков сертификат, кој ќе биде и во дигитална и во хартиена форма. Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Германија, Грција и Полска веќе почнаа да го користат системот.

    Почнувајќи од 1 јули, па во наредните 12 месеци, сите членки на Унијата ќе мора да ги признаваат ковид пасошите. Тие ќе потврдуваат дека едно лице е вакцинирано против ковид-19, дека ја прележало болеста или дека неодамна имало негативен тест за коронавирус. Потврдите ќе содржат Кју-Ар код, а личните податоци нема да се споделуваат помеѓу државите.

    „Членките на Унијата се охрабруваат да се воздржат од воведување натамошни рестрикции, освен доколку тие не се неопходни и пропорционални“, изјави шпанскиот европратеник Хуан Фернандо Лопес Агилар.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира