ЕВРОПСКИТЕ МИНИСТРИ ОДБИЈА ДА СЕ СЛИКААТ СО ЛАВРОВ НА САМИТОТ НА Г20 ВО САД

    ЕВРОПСКИТЕ МИНИСТРИ ОДБИЈА ДА СЕ СЛИКААТ СО ЛАВРОВ НА САМИТОТ НА Г20 ВО САДСАД ја поканија Русија на самитот во Атланта (Фото: Гети)

    Европските дипломати одбија да се сликаат со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20, по што американските домаќини го откажаа планираното групно фотографирање. Двајца функционери потврдија дека е откажано „семејното фотографирање“, во што обично учествуваат претставници од сите нации.

    „Дозволете ми директно да му го кажам ова на рускиот министер за надворешни работи: сите знаеме кој е агресорот во оваа војна“, рече британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд, обвинувајќи ја руската влада за убивање невини цивили во Украина.

    Домаќин на состанокот во Атланта е американскиот државен секретар Марко Рубио.

    Украина не е членка на Г20, но во последните години беше поканета на слични состаноци, што овојпат не е случај. Место неа, САД ја поканија Русија.

    „Фотографирањето беше откажано откако стана јасно дека некои од делегациите не се подготвени да учествуваат во заедничка фотографија. САД одлучија да го откажат за да се задржи фокусот на суштинските дискусии“, рече еден американски функционер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира