ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ НАЈАВУВААТ ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ РЕСТРИКЦИИ ПО НАЈГОЛЕМОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ ОД МАРТ

    ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ НАЈАВУВААТ ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ РЕСТРИКЦИИ ПО НАЈГОЛЕМОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ ОД МАРТСветската здравствена организација предупреди дека ситуацијата во Европа е многу сериозна (Фото: Гети)

    Велика Британија, Франција, Шпанија, Чешка и Холандија се меѓу земјите кои се подготвуваат да воведат нов пакет на рестриктивни мерки во обид да го сопрат ширењето на коронавирусот, додека Светската здравствена организација предупреди дека ситуацијата во Европа е многу сериозна.

    Британија бележи удвојување на бројот на нови случаи на коронавирус на секои седум-осум дена и министерот за здравство Мет Хенкок кажа дека нов национален карантин е последната линија на одбраната и ќе биде воведен ако биде потребно.

    Во Мадрид, каде што има најголемо ширење на коронавирусот во Шпанија, здравствените власти предупредуваат дека регионалниот здравствен систем се наоѓа под силен притисок поради бројот на пациенти со ковид-19. И Франција, која вчера регистрираше 10.593 нови случаи на зараза, најави воведување нови мерки во поголемите градови, вклучувајќи ги Лион и Ница. Чешка вчера првпат ја надмина границата од 2.000 нови случаи на коронавирус, а денеска се 3.130.

    Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, кажа дека изминатата недела низ континентот имало 300.000 нови случаи на коронавирус, а неделните бројки ги надминуваат оние од март. Бројот на хоспитализирани и на смртни случаи засега не бележи таков пораст, што се должи и на тоа што најголем дел од новозаразените се млади луѓе.

    „Бројките беа најмали во јуни, а сега во септември во растат и тоа треба сите да нѐ разбуди. Се наоѓаме среде многу сериозна ситуација“, кажа Клуге, додека на светско ниво бројот на заразени надмина 30 милиони.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира