ГРЦИЈА ГО ДОБИ ПОСЛЕДНИОТ ПАКЕТ ЗА ПОМОШ ОД ЕВРОЗОНАТА, ИЗЛЕГУВА ОД КРИЗАТА ПО ДЛАБОКАТА РЕЦЕСИЈА

    ГРЦИЈА ГО ДОБИ ПОСЛЕДНИОТ ПАКЕТ ЗА ПОМОШ ОД ЕВРОЗОНАТА, ИЗЛЕГУВА ОД КРИЗАТА ПО ДЛАБОКАТА РЕЦЕСИЈАПо завршувањето на програмата за помош, Грција ќе остане под строга европска контрола (Фото: Гети)

    Државите од еврозоната се согласиле околу последните детали од планот, со кој Грција треба да излезе од осумгодишната програма за финансиска помош и ќе го направи нејзиниот огромен долг полесен за регулирање.

    Министрите за финансии на 19-те земји постигнаа неочекувано тежок компромис, откако разговорите продолжиле до денеска наутро.

    „Постигнавме договор! Грчкиот долг е одржлив. Мора да признаеме дека Грција завршила добра работа и дека ги исполнила своите обврски“, изјави претседателот на еврогрупата, Марио Сентено.

    Според новиот договор, Грција од 20 август веќе нема да биде под покровителство на доверителите и повторно ќе може сама да се финансира на пазарите по повеќегодишната длабока рецесија.

    Сентено кажа дека министрите од еврозоната се согласиле да ги продолжат роковите за исплата на поголем дел од долгот за десет години, како и за исплата на последниот пакет на помош од 15 милијарди евра.

    Грција во последните осум години доби повеќе од 273 милијарди евра помош од своите доверители, еврозоната и од Меѓународниот монетарен фонд.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира