ФАВОРИТОТ НА ИЗБОРИТЕ ВО ИТАЛИЈА СУСПЕНДИРАШЕ КАНДИДАТ ПОРАДИ ВЕЛИЧЕЊЕ НА ХИТЛЕР

    ФАВОРИТОТ НА ИЗБОРИТЕ ВО ИТАЛИЈА СУСПЕНДИРАШЕ КАНДИДАТ ПОРАДИ ВЕЛИЧЕЊЕ НА ХИТЛЕРЏорџа Мелони би можела да стане првата жена на премиерската функција во Италија (Фото: АФП)

    Партијата Браќа на Италија, која важи за фаворит на претстојните парламентарни избори, суспендираше еден од своите кандидати поради величење на Адолф Хитлер на социјалните мрежи.

    Браќа на Италија ги влече своите корени од неофашистичка група основана по Втората светска војна, но лидерката Џорџа Мелони се обидува да се дистанцира себеси од крајната десница и вели дека нејзината партија е конзервативна. По изборите в недела, 45-годишната Мелони би можела да стане првата жена на премиерската функција во Италија.

    Критичарите тврдат дека во партијата и натаму има симпатизери на фашизмот и весникот „Ла Република“ деновиве обелодени стари објави на социјалните мрежи од Калоџеро Пизано, во кои го опишал Хитлер како голем државник.

    Пизано, кој требаше да биде кандидат за пратеник од Сицилија, во 2016 ја дефинираше Мелони како модерна фашистка, а за нејзината партија кажа дека никогаш не ги криела своите вистински идеали.

    „Идејата дека некој кој го велича Хитлер може да седи во парламентот е неприфатлива“, изјави Рут Дурегело, шефицата на еврејската заедница во Рим.

    Се очекува Браќа на Италија да стане најголемата партија во Италија по изборите и да предводи коалиција на десничарски партии до сигурна победа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира