Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) му ги заплени телефоните на њујоршкиот градоначалник Ерик Адамс во истрага за финансирање кампања. Од неговиот тим рекоа дека агентите на ФБИ одзеле два ајфони и еден ајпед од градоначалникот.
ФБИ истражува дали кампањата на Адамс соработувала со турската влада да прими нелегални странски донации.
63-годишниот Адамс негира какви било неправилности.
„Тој веднаш го исполни барањето на ФБИ и им предаде електронските направи. Градоначалникот не е обвинет за каква било неправилност и продолжува да соработува во истрагата“, вели неговиот адвокат Бојд Џонсон.
Адамс е поранешен полициски капетан.