ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ И ВОТСАП ПАДНАА ВТОРПАТ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

    ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ И ВОТСАП ПАДНАА ВТОРПАТ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦПадот на социјалните мрежи е пријавен низ цела Европа, но и во Америка и Азија

    Милиони корисници денеска не можеа да им пристапат на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и на апликацијата Вотсап, сите во сопственост на компанијата „Фејсбук“, во вториот голем пад во рок од еден месец.

    “Даундетектор“, интернет страница која ја следи достапноста на Фејсбук, објави дека станува збор за глобален проблем, бидејќи пријави се пристигнати не само од цела Европа, туку и од Америка и Азија.

    Фејсбук и Инстаграм воопшто не можат да се отворат, додека пораките на Вотсап ниту се примаат, ниту се испраќаат. Не работи ни месинџер.

    Пред само еден месец, „Фејсбук“ се соочи со најголемиот прекин во работата на своите мрежи досега, но тврдеше дека не станува збор за хакерски напад.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари