ФЕЈСБУК СЕКОГАШ БИЛ ПРОТИВ МЕНЕ, ВЕЛИ ДОНАЛД ТРАМП

    ФЕЈСБУК СЕКОГАШ БИЛ ПРОТИВ МЕНЕ, ВЕЛИ ДОНАЛД ТРАМПЌе се испитува дали Русите масовно се рекламирале на Фејсбук за време на изборите. - Доналд Трамп и Марк Закерберг (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп јавно се испокара со многумина откако стана претседател на САД и сега дојде ред и на Фејсбук.

    Тој ја нападна компанијата дека е „анти-Трамповска“ и се посомнева во нејзината улога за време на ланската претседателска кампања, како што се испитува можното мешање на Русија во изборите.

    Неговиот напад уследи по најавите дека Фејсбук ќе им предаде 3.000 политички реклами на истражителите од Конгресот, за кои се верува дека биле платени од Русија за време на кампањата.

    Фејсбук секогаш бил против Трамп, мрежите секогаш биле против Трамп“, напиша тој на Твитер.

    Адам Шиф, водечкиот демократ во комитетот што го истражува случајот, вели дека сите реклами ќе бидат објавени јавно до крајот на неделата.

    Мора да ги видите, за да сфатите колку цинични биле напорите на Кремљ. Тие сакале да ги свртат Американците против Американците. Не знам зошто на Фејсбук му требаше толку време да сфати дека Русите се рекламираат кај нив“, кажа Шиф.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира