ФЕЈСБУК ВОВЕДУВА МЕРКИ ПРОТИВ ЛАЖНИ ВЕСТИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Берлин,(АП)

    ФЕЈСБУК ВОВЕДУВА МЕРКИ ПРОТИВ ЛАЖНИ ВЕСТИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА

    Фејсбук соопшти дека воведува мерки да се справи со ширењето лажни вести во Германија, неколку месеци пред одржувањето на парламентарните избори во земјата. Социјалната мрежа денеска кажа дека истражувачката медиумска група „Коректив“ ќе ги проверува фактите во Германија и дека наскоро ќе бидат ангажирани и други медиумски организации.

    Фејсбук вели дека набрзо во Германија ќе биде олеснето пријавувањето на лажни вести на социјалната мрежа.
    Минатиот месец Фејсбук почна да ги реализира плановите за елиминација на „најлошите од најлошите“ престапници и ангажираше надворешни проверувачи на факти и медиумски организации за да ги издвои вистинските новински извештаи од измислените приказни.

    Парламентарните избори во Германија се закажани за септември. Во Германија, Фејсбук во последно време се соочува и со критики за несоодветен одговор на говорот на омраза на социјалната мрежа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира