ФИДЕЛ КАСТРО, КОЈ ПОЛА ВЕК ИМ ПРКОСЕШЕ НА САД, ПОЧИНА НА 90 ГОДИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Куба,(БИ-БИ-СИ)

    ФИДЕЛ КАСТРО, КОЈ ПОЛА ВЕК ИМ ПРКОСЕШЕ НА САД, ПОЧИНА НА 90 ГОДИНИ

    Фидел Кастро, поранешниот претседател и лидер на комунистичката револуција на Куба, почина на 90 години, соопшти брат му.

    „Врховниот командант на кубанската револуција почина во 22,29 часот вечерва (02.29 часот по средноевропско време, сабота)“, рече претседателот Раул Кастро.

    Фидел Кастро владееше со Куба како еднопартиска држава скоро 50 години, пред Раул да ја презеде власта во 2008. Неговите приврзеници велат дека тој му ја вратил Куба на народот. Но исто така беше осудуван дека ја потлачува опозицијата.

    Раул Кастро изјави дека Фидел ќе биде кремиран денеска и дека ќе има неколку дена жалост во земјата.

    „Кон победата, секогаш!“, го заврши неочекуваното јавно обраќање среде ноќ претседателот Раул Кастро.

    Освен колумната во весник, Фидел беше повлечен од политичкиот живот некое време. Во април говореше на последниот ден на партискиот конгрес. Ја призна својата поодмината возраст, но рече дека кубанскиот комунистички концепт се уште е валиден и дека кубанскиот народ ќе победува.

    Кастро, кој преживеа многу обиди за атентат, беше лидер кој бил најдолго на власт во 20. век. Привремено ја предаде власта на брат му во 2006 додека се опоравуваше од болест на абдоменот. Раул официјално стана претседател во 2008.

    За време на Студената војна, Фидел и Вашингтон беа во војна. Успешен тактичар на бојното поле, тој и малата армија герилци го симна од власт Фулгенсио Батиста во 1959 со огромна поддршка на народот. За две години по преземањето на власта, изјави дека револуцијата е марксистичко-ленинистичка, и стапи во сојуз со Советскиот сојуз. Но, и покрај постојаната закана од инвазија на САД и долгогодишното економско ембарго, Кастро успеа да ја одржи комунистичката револуција на островот кој е само 145 км оддалечен од Флорида. Презиран од критичарите исто колку што беше обожуван од народот, Кастро надживеа 10 американски претседатели и избегна огромен број напади врз неговиот живот од ЦИА.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира