ФИНСКА ЈА ЗАТВОРА ГРАНИЦАТА ЗА РУСИТЕ КОИ БЕГААТ ОД МОБИЛИЗАЦИЈА

    ФИНСКА ЈА ЗАТВОРА ГРАНИЦАТА ЗА РУСИТЕ КОИ БЕГААТ ОД МОБИЛИЗАЦИЈАСообраќајот кон Финска значително се зголеми откако Путин прогласи делумна мобилизација (Фото: Гети)

    Финска ќе ја затвори својата граница за руските туристи вечерва на полноќ, објави владата, надевајќи се дека на овој начин ќе се растоварат граничните премини.

    Министерот за надворешни работи Пека Хависто нагласи дека влез во Финска ќе биде дозволен за оние кои работат или студираат, како и за семејни посети.

    Сообраќајот кон Финска значително се зголеми откако Владимир Путин прогласи делумна воена мобилизација во Русија на 21 септември, што доведе до тоа голем број борбено способни мажи да ја напуштат земјата. Километарски редици од возила со денови има и на границите со Грузија, Казахстан и Монголија.

    И Полска, Естонија, Летонија и Литванија претходно ги затворија границите за руските туристи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира