„ФОКС ЊУЗ“ ЌЕ ПЛАТИ 787,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ШИРЕЊЕ ЛАГИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО САД ВО 2020

    „ФОКС ЊУЗ“ ЌЕ ПЛАТИ 787,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ШИРЕЊЕ ЛАГИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО САД ВО 2020„Фокс“ беше тужен од компанијата за гласачки машини „Доминион“ (Фото: АП)

    Фокс њуз“ се согласи да плати отштета од 787,5 милиони долари за неговото известување за претседателските избори во САД во 2020. Непосредно пред почетокот на судењето, ТВ-мрежата успеа да се нагоди со компанијата за гласачки машини „Доминион“, која ја тужеше за клевета и бараше двојно поголема отштета.

    Доминион“ тврдеше дека неговиот бизнис бил нарушен од „Фокс њуз“, кој ширел лажни вести дека изборите биле наместени во полза на Џо Бајден. Благодарение на нагодбата, извршните директори на „Фокс“ како Руперт Мардок беа поштедени од сведочењето. Мардок претходно призна дека некои негови водители ги поддржале лажните тврдења на Доналд Трамп за изборна измама.

    Нагодбата во едно од најисчекуваните судења за клевата во поновата американска историја ја покажува нашата посветеност кон највисоките новинарски стандарди. Мрежата ги признава одлуките на судот со кои се утврдува дека некои тврдења за ‘Доминион‘ се лажни“, соопшти „Фокс њуз“.

    Извршниот шеф на „Доминион“, Џон Поулос, кажа дека договорот вклучува признание дека „Фокс“ ширел лаги, со што ѝ била нанесена огромна штета на неговата компанија.

    Првото рочиште од судењето требаше да се одржи вчера, откако претходно беше донесена одлука за негово одложување за 24 часа, за што судијата не даде објаснување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира