Трето лице почина од маларија во близина на аеродромот во Франкфурт, што германските власти го опишаа како исклучително ретка појава на оваа тропска болест поврзана со воздушниот сообраќај.
Градските власти на Франкфурт наведоа дека еден од двајцата заразени жители на населбата Шванхајм, лоцирана северно од аеродромот, починал додека бил згрижен во градската универзитетска болница.
„Двете лица се заразиле со паразитот кој предизвикува маларија, иако не патувале во регион каде што маларијата е ендемична и не работеле на аеродромот“, соопштија властите.
На 27 август беше објавено дека двајца вработени на аеродромот починале од маларија, а уште четворица биле заразени. Од аеродромот во Франкфурт кажаа дека комарците фатени во стапици биле испратени во лабораторија во Антверпен во текот на јули и август, но резултатите сè уште не биле достапни.



