ФРАНЦИЈА ГО ОСУДИ НАПАДОТ НА САД ВРЗ ВЕНЕЦУЕЛА, ИТАЛИЈА ВЕЛИ ДЕКА ВОЕНАТА АКЦИЈА Е ЛЕГИТИМНА

    ФРАНЦИЈА ГО ОСУДИ НАПАДОТ НА САД ВРЗ ВЕНЕЦУЕЛА, ИТАЛИЈА ВЕЛИ ДЕКА ВОЕНАТА АКЦИЈА Е ЛЕГИТИМНАФранција смета дека никакво трајно политичко решение не може да се наметне однадвор и само граѓаните можат да одлучат за својата иднина. (Фото: АФП)

    Повеќе држави, меѓу кои и Франција, го осудија нападот на САД на Венецуела, кој доведе до соборувањето на претседателот Николас Мадуро.

    „Воената операција во која беше уапсен Николас Мадуро го крши принципот на неприбегнување кон сила, што е основа на меѓународното право. Франција смета дека никакво трајно политичко решение не може да се наметне однадвор и дека само граѓаните можат да одлучат за својата иднина“, напиша министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро на Икс.

    Наспроти ова, италијанската премиерка Џорџа Мелони ја опиша воената акција како легитимна и одбранбена.

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека овие случувања претставуваат опасен преседан и е длабоко загрижен што правилата на меѓународното право не се почитувани.

    Британскиот премиер Кир Стармер кажа дека прво сака да разговара со Доналд Трамп.

    „Сакам да бидам апсолутно јасен дека ние не бевме вклучени и секогаш велам и верувам дека сите треба да го почитуваме меѓународното право“, рече Стармер.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека внимателно ја следат ситуацијата во Венецуела и дека секое решение мора да ги почитува меѓународното право и Повелбата на ОН.

    Нападот го осудија и Русија, Кина, Мексико, Колумбија, Куба и Бразил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира