ФРАНЦИЈА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗА НА ЛУЃЕ СО ВИРУСОТ ШАМОНДА, ПАЦИЕНТОТ ПОЧИНАЛ

    ФРАНЦИЈА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗА НА ЛУЃЕ СО ВИРУСОТ ШАМОНДА, ПАЦИЕНТОТ ПОЧИНАЛВирусот се пренесува преку каснувања од ситни мушички и најчесто се јавува кај говеда (Фото: АП)

    Франција го пријави првиот случај на заразување на луѓе со вирусот шамонда, кој вообичаено се среќава кај добитокот. Пациентот подоцна починал. Надлежните наведуваат дека во оваа фаза нема ризик за пошироката јавност.

    Според Светската организација за здравје на животните, вирусот шамонда се пренесува преку каснувања од ситни мушички и најчесто се јавува кај говеда, но е откриен и кај коњи, алпаки, овци и кози.

    Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) објави дека внимателно ја следи ситуацијата откако француските власти ја потврдија првата човечка инфекција со шамонда.

    Во француското соопштение се наведува дека главната претпоставка е оти пациентот се заразил во источна Франција, каде што вирусот циркулирал меѓу животните пролетоска и летоска. ЕЦДЦ соопшти дека пациентот починал на почетокот на октомври, при што се напоменува дека лицето се лекувало од сериозна болест, поради што било поподложно на инфекција отколку општата популација.

    Во моментов нема комерцијално достапни вакцини против вирусот шамонда, кој првпат беше откриен во Нигерија во средината на 1960-тите. Во Европа беше потврден кон крајот на јули, по спроведени геномски испитувања на болни говеда во јужна Германија, Швајцарија и источна Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира