ФРАНЦИЈА И ИРСКА ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ БЕСПЛАТНА КОНТРАЦЕПЦИЈА ЗА ЖЕНИ ДО 25 ГОДИНИ

    ФРАНЦИЈА И ИРСКА ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ БЕСПЛАТНА КОНТРАЦЕПЦИЈА ЗА ЖЕНИ ДО 25 ГОДИНИВо Франција, оваа мерка можат да ја искористат три милиони жени, а државата ќе ја чини околу 21 милион евра годишно. (Фото: Гети)

    Француските пратеници се согласија да ја направат контрацепцијата бесплатна за жени од 18 до 25 години. Националното собрание вчера додаде мерка во буџетот за 2022 година со која се покриваат трошоците за контрацепција на младите жени.

    Буџетот ќе биде формално изгласан во вторник и треба да стапи во сила на 1 јануари.

    Ирската влада најави слична мерка завчера, одобрувајќи финансирање на контрацепцијата на жени од 17 до 25 години.

    Во Франција, оваа мерка можат да ја искористат три милиони жени, а државата ќе ја чини околу 21 милион евра годишно. Контрацепцијата веќе е бесплатна за девојките до 18 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира