ФРАНЦИЈА ПРЕД НОВ НАЦИОНАЛЕН КАРАНТИН ДОДЕКА ЛЕКАРИТЕ НАЈАВУВААТ КОЛАПС НА БОЛНИЧКИОТ СИСТЕМ

    ФРАНЦИЈА ПРЕД НОВ НАЦИОНАЛЕН КАРАНТИН ДОДЕКА ЛЕКАРИТЕ НАЈАВУВААТ КОЛАПС НА БОЛНИЧКИОТ СИСТЕМЕкспертите го предупредуваат Макрон дека досега преземените мерки не се доволни за да се сопре вториот бран на коронавирусот (Фото: Ројтерс)

    Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата, кога се очекува да прогласи четиринеделен национален карантин, во обид да се спречи драматичното ширење на коронавирусот, јавуваат тамошните медиуми.

    Тоа го предлагаат и голем број француски лекари, кои откриваат дека 58% од сите капацитети на интензивна нега се зафатени со пациенти со ковид-19 и сметаат дека за две недели можеби веќе нема да има слободни места.

    „Владата како да не извлече поуки од првиот бран. Овој бран ќе биде уште поуништувачки за болничкиот систем. Болниците нема да издржат ако не се преземат драстични мерки“, изјави претседателот на Француската федерација на болници Фредерик Валету.

    Во големи делови на Франција, вклучувајќи го и Париз, веќе е на сила општа забрана за движење во ноќните часови, но властите сметаат дека тоа не е доволно за да се сопре ширењето на вирусот.

    Претседателот на Францускиот научен комитет и советник на владата Жан-Франсоа Делфреси изјави дека е изненаден од бруталноста на вториот бран и очекува дневно да има и 100.000 нови случаи на коронавирус.

    „Многу луѓе уште не се свесни што е пред нас. Овој бран ќе трае неколку недели, можеби и два месеца“, кажа Делфреси.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира