ФРАНЦИЈА СТАНА ПРВАТА ЗЕМЈА КОЈА ГО ВГРАДИ ПРАВОТО НА АБОРТУС ВО УСТАВОТ

    ФРАНЦИЈА СТАНА ПРВАТА ЗЕМЈА КОЈА ГО ВГРАДИ ПРАВОТО НА АБОРТУС ВО УСТАВОТАмандманот беше усвоен на заедничка седница Сенатот и Националното собрание во палатата Версај (Фото: Гети)

    Франција стана првата земја на светот која го вметна правото на абортус во својот устав. Со денешното заедничко гласање на двата дома на парламентот ќе се промени уставот од 1958 година, со цел жените да добијат уставно загарантирана слобода да абортираат.

    Правото на абортус и натаму беше во опасност. Им кажуваме на жените во и вон нашите граници: започна ерата на свет на надеж“, изјави францускиот премиер Габриел Атал.

    Оваа мерка веќе беше одобрена во двата дома на парламентот, но за да не мора да се оди на референдум, беше потребно Сенатот и Националното собрание на заедничка седница во палатата Версај да ја усвојат со најмалку трипетинско мнозинство. Амандманот беше поддржан од 780 од 925 парламентарци.

    Анкетите покажуваат дека 85% од јавноста ја поддржува промената.

    Во Франција, правото на абортус е законски дозволен уште од 1975 година. Критичарите велат дека ревизијата на уставот не е погрешна, но е непотребна и го обвинија претседателот Макрон дека се обидува да им даде поттик на своите левичарски постигнувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира