ФРАНЦИЈА УСВОИ ЗАКОН СО КОЈ МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРВАТА ЗЕМЈА КОЈА ГО ВГРАДИЛА ПРАВОТО НА АБОРТУС ВО УСТАВОТ

    ФРАНЦИЈА УСВОИ ЗАКОН СО КОЈ МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРВАТА ЗЕМЈА КОЈА ГО ВГРАДИЛА ПРАВОТО НА АБОРТУС ВО УСТАВОТНиедна од големите француски партии претставени во парламентот не го доведува во прашање правото на абортус (Фото; АФП)

    Долниот дом на францускиот парламент со големо мнозинство усвои закон со кој правото на абортус треба да биде вградено во францускиот устав. Мерката беше предложена од претседателот Емануел Макрон минатата година по уназадувањето на правата на абортус во САД.

    Законот синоќа помина во Националното собрание со 493 „за“ и само 30 „против“ и беше поддржан од речиси сите членови на малцинската коалиција на Макрон. Франција на тој начин сака да стане првата земја во која правото на абортус ќе биде загарантирано со уставот.

    Националното собрание и владата вечерва не го пропуштија нивниот состанок со женската историја“, изјави министерот за правда Ерик Дипон-Морети по изгласувањето на законот.

    Во Франција, секој уставен амандман мора да помине во двата дома на парламентот и потоа мора да биде одобрен на референдум или од трипетинско мнозинство на заедничка седница на парламентот. Владата на Макрон го избра вториот метод, иако поддршката за мерката во Сенатот изгледа помалку сигурна отколку во Националното собрание.

    Ниедна од големите француски партии претставени во парламентот не го доведува во прашање правото на абортус. Сепак, многумина сенатори кои му припаѓаат на десниот центар се противат на спомнувањето на абортусот во уставот, сметајќи дека тоа не е уставно прашање и дека правото на абортус не е загрозено во Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира