ФРАНЦИЈА ЗАБРАНИ ПРОДАЖБА НА ОГНОМЕТ ЗА ДЕНОТ НА БАСТИЛЈА ОД СТРАВ ОД НОВИ НЕРЕДИ

    ФРАНЦИЈА ЗАБРАНИ ПРОДАЖБА НА ОГНОМЕТ ЗА ДЕНОТ НА БАСТИЛЈА ОД СТРАВ ОД НОВИ НЕРЕДИЗабраната не се однесува на локалните власти кои традиционално организираат огномет за Денот на Бастилја

    Дел од демонстрантите во нередите што избија ширум Франција откако полицаец уби 17-годишник на 27 јуни во Париз користеа огномет против полицијата. Сега, Франција забрани продажба, поседување и транспорт на пиротехнички средства и огномет до 15 јули, еден ден по националниот празник 14 Јули – Денот на Бастилја.

    „Со цел да се спречи ризикот за сериозни нарушувања на јавниот ред за време на прославата на 14 Јули, продажбата, поседувањето и транспортот на пиротехнички средства и огномет се забранети заклучно со 15 јули“, соопшти француската влада.

    Забраната не се однесува на локалните власти кои традиционално организираат огномет за Денот на Бастилја, се додава во владиното соопштение.

    Загрижени поради можно обновување на нередите, премиерката Елизабет Борн кажа дека владата ќе ги искористи сите можни средства за да ги заштити граѓаните за време на националниот празник.

    Убиството на 17-годишниот Нахел, кој има алжирско потекло, беше повод за најголемите нереди во Франција од 2005 година. Повеќе од 3.700 лица беа уапсени во врска со протестите, вклучувајќи и 1.1600 малолетници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира