ФРАНЦУСКАТА МЕДИЦИНСКА АКАДЕМИЈА ПРЕДЛАГА ВТОРАТА ДОЗА ОД ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД ДА СЕ ПРИМА ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗА МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ДА ЈА ДОБИЈАТ ПРВАТА ДОЗА

    ФРАНЦУСКАТА МЕДИЦИНСКА АКАДЕМИЈА ПРЕДЛАГА ВТОРАТА ДОЗА ОД ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД ДА СЕ ПРИМА ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗА МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ДА ЈА ДОБИЈАТ ПРВАТА ДОЗАВо Франција веќе го зголемија периодот меѓу две дози на вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ од 4 на 6 недели. (Фото: Фајзер)

    Француската Академија на медицината повика периодот меѓу две дози на вакцината против ковид-19 да биде продолжен од шест недели на шест месеци, за вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, со цел да им се овозможи на повеќе луѓе да ја добијат првата доза.

    „Оддолжувањето на втората доза кај луѓето под 55 години ќе ја забрза вакцинацијата и ќе се постигне колективен имунитет многу побрзо со истиот број на дози, и истовремено ќе се обезбеди задоволителна индивидуална заштита“, соопшти Национална академија на медицината.

    Во средата, паузата меѓу двете дози на вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, кои користат мРНК технологија, беше продолжена од 4 на 6 недели.

    „Ова ќе ни овозможи да ја забрзаме кампањата на вакцинација без да ја компромитираме заштитата на јавното здравје“, кажа министерот за здравство Оливје Веран за продолжувањето од две недели.

    Националната академијата на медицината смета дека, базирано на неодамнешните студии во САД и Велика Британија, една доза од мРНК вакцините овозможува многу високо ниво на заштита од коронавирусот и затоа има логика да втората доза да се дава шест месеци по примањето на првата доза. На тој начин, сметаат од Академијата, ќе им се овозможи на повеќе луѓе од високоризичните професии, како наставниците, да ја примат првата доза.

    Засега, во Франција можат да се вакцинираат помлади од 55 години, само ако се здравствени работници, пожарникари, вработени во старечки домови и тие со хронични болести.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира